Терор во центарот на Виена – неколку мртви (Видео)

Според првичните информации, инцидентот се случил во близина на синагога. Полицијата им порачува на луѓето да ја избегнуваат оваа област

 

Во понеделникот вечерта беа испукани повеќе истрели кон „Шведенплац“ во Виена, а полицијата е на лице место со голем контингент. Според првичните извештаи, се вели дека има неколку мртви и повредени, вели министерот за внатрешни работи Карл Нехамер. Полицијата претпоставува терористички напад, но точната заднина сè уште е нејасна. Инцидентот се случил во близина на синагога во првиот округ, областа е опколена со полиција. Сигурно имало и инцидент пред седиштето на Рајфајзен банката во градскиот парк.

Полицијата силно советува за момент да се избегнува центарот на Виена и да не се објавуваат видеа на социјалните мрежи.

Еден сторител е мртов, известува ОРФ, еден или повеќе други би можеле да бидат во бегство. Најмалку еден полицаец е убиен, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Неколку видеа кружеа од инцидентот во центарот на Виена во понеделникот вечерта, на кои се гледа како вооружени мажи пукаат. На видео снимка се гледа дури и жртва – можеби полицаец – како паѓа на земја на „Шведенплац“. Човек со оружје со „калашников“ трча по калдрмисана уличка и пука. Ситуацијата е збунувачка, неколку хеликоптери се во акција. (Дер стандард)