Тер Штеген во Ајакс на позајмица од Барселона
Ајакс ја засили голманската позиција за следната сезона со голманот Марк-Андре тер Штеген од Барселона. Тој во Амстердам доаѓа како позајмен играч за сезоната 2026/27.
Претходно, новинарот Фабрицио Романо објави дека Ајакс ќе има обврска да плаќа поголем дел од платата на 34-годишниот Германец.
– Марк има извонредна кариера, а неговите квалитети се широко признати. Тој ќе го засили нашиот тим. Марк и јас се познаваме добро и со нетрпение очекувам повторно да соработуваме со него. Работиме на овој трансфер веќе подолго време, па затоа сме многу задоволни што договорот е потпишан и тој може да започне, рече спортскиот директор на Ајакс, Жорди Кројф.
Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година, а неговиот договор со каталонскиот фудбалски гигант клубот важи до летото 2028 година.
Во јануари 2026 година, голманот се пресели во Жирона на позајмица, но по два натпревари заработи повреда на тетивата и го пропушти остатокот од сезоната 2025/26.