Тепачки низ целата земја, се тепале пред хотели, кафеани, болници


 

Повеќе тепачки се пријавени во полиција изминатото деноноќие, а физички се пресметувале возрасни, биле напаѓани и малолетници, а забележано е и семејно насилство.

Така, ноќеска во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Ц.(49) од Тетово, постапувајќи по пријава во 01.45 часот од М.Ц. (35) од Тетово дека физички ја нападнал и упатувал закани со остар предмет.

Вчера, во 11.30 часот во СВР Скопје Т.К.(39) од Скопје пријавила дека пред две недели, околу 22.30 часот во населба Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од К.А.

Ноќеска во 3.05 часот во СВР Скопје В.К.(60) од Скопје пријавил дека околу 2.30 часот во хотел на подрачје на Центар по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Б.Д.(46) од Скопје, по што во 8 часот Б.Д. пријавил дека околу 7 часот пред хотелот бил физички нападнат од едно лице кое било обезбедување во хотелот.

Пет минути пред полноќ, во СВР Скопје Д.Т.(36) и А.Ѓ(27), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 23.40 часот во близина на здравствена установа на подрачје на Аеродором биле физички нападнати од три лица.

Во петокот, во 14 часот во СВР Штип А.А.(43) од Штип пријавил дека во Штип бил физички нападнат од Н.Д. и М.Д.

Околу 15 часот истиот ден, во СВР Велес било пријавено дека во Велес дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.Џ.(66) и В.П. од една страна и Б.П. од друга страна.

Околу 18 часот во Полициска станица Кавадарци З.Ч.(51) од Демир Капија пријавил дека околу 14.30 часот во објект во Кавадарци по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Ј.П. од с.Тремник.

Во 11.00 часот во СВР Тетово Ф.И.(36) од Тетово пријавил дека околу 8.15 часот во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од Б.Х.(43) од Тетово.

Во 18 часот во Гостивар од полициски службеници од слобода се лишени И.М.(63) и П.М.(34) двајцата од Гостивар по претходна пријава во 17,20 часот од О.Р.(37) од Гостивар дека околу 15,15 часот во Гостивар по претходно недоразбирање околу сообраќајот тој и неговиот татко биле физички нападнати од пријавените.

Во 21.45 часот во Гостивар од полициски службеници е лишен од слобода Х.Ш.(41) од Гостивар по претходна пријава од неговиот татко Ф.Ш.(72) од Гостивар дека околу 21,30 часот во Гостивар пријавениот со тврд предмет удирал по предмети во домот при што ги повредил пријавителот и неговата сопруга.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.