Тепачки низ цела Македонија, ја тепал поранешната сопруга, а „играле“ и ножеви


 

Повеќе тепачки се регистрирани во изминатото деноноќие, на територијата на целата земја.

Така, во 15.20 часот во саботата, на ул.„Борка Утот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(32) од Прилеп затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна сопруга.

Ноќта, во 23.55 часот на ул.„Зелен Пазар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Б.М.(22) и М.Ј.(29), двајцата од Кавадарци, затоа што околу 23.30 часот оштетиле инвентар во угостиелски објект на истата улица и се обиделе со остар предмет да го нападнат В.Р.(32) од Кавадарци.

Во 07.40 часот, во неделата во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Радослав Петковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(39) од една страна и К.С.(32) и Д.Д.(22) од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Ноќеска, минута по полноќ, во СВР Скопје, А.Б.(47) од Скопје пријавил дека на 24.04.2022 во 23.00 часот на ул.„Јужноморавски бригади“ неговиот син и внук биле физички нападнати од повеќе лица.

Во неделата, околу 19.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Борка Јорданоски“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу лицата И.К. и Д.Т., двајцата од Прилеп.

Истиот ден, околу 23 часот во СВР Скопје, Е.С.(49) од Скопје пријавила дека на 23.04.2022 околу 16.30 часто на ул.„376“ нејзината ќерка била физички нападната од едно лице.

Во 22.10 часот во СВР Битола, А.С.(22) од Битола, со живеалиште во с. Новаци, пријавил дека 19 часот на ул.„Бистра“ во Битола бил физички нападнат од Р.М.од Битола.

Во неделата, во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор А.А.(43) од Скопје физички ја нападнал А.А.(20) од Скопје.

Утрово, во 10 часот во ОВР-Прилеп, Т.С.Т.(34) од Прилеп пријавила дека околу 08.45 часот на новата автобуска станица во Прилеп, таа и нејзиниот сопруг Ф.Т. биле физички нападнати од едно лице- кондуктер во автобус.

Вчера, во 14 часот во Полициската станица Гостивар, Т.Т.(18) од Гостивар пријавил дека околу 05.40 часот на ул.„Живко Брајкоски“ бил физички нападнат од С.И. од Гостивар.

Утрово во 4.15 часот во ОВР Радовиш, М.В. од Радовиш пријавил дека околу 03.20 часот на улица ,,Илија Алексов“ бил физички нападнат од М.А. од Радовиш.

Вчера, во 13.21 часот во СВР Скопје, Ж.Р.(57) од Скопје пријавил дека околу 13.20 часот на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ бил физички нападнат од едно лице.

Ноќеска, во 3 часот во Полициската станица Кочани, С.С.(35) и З.Н.(39), двајцата од Кочани, пријавиле дека околу 01.30 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани, по претходна вербална расправија, Б.С.(35) од Кочани им се заканил со огнено оружје.