Тепачка во бугарското Собрание (ВИДЕО)


На крајот од денешната седница во бугарското Народно собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците, јавуваат бугарските медиуми.Претседателот на Народното собрание Росен Желјазков, веднаш по пресметката предложи седницата да се прекине, а пленарната сала го одобри барањето и така пратениците си заминаа нешто пред 10:30 часот.

Пратеничката Искра Михаилова од националистичката Преродба (Вараждање) побара вториот мандат да му се врати на претседателот, бидејќи како што наведе таа, во ПП-ДБ има „предавници не само на сопствените зборови и гласачи, туку и на државата во целина“.

„Ако ја составите оваа апсурдна коалиција на обвинетите само за да им угодите на вашите претпоставени, бидете сигурни дека веќе следниот ден ќе ги повикаме сите наши избирачи, и вашите згрозени избирачи, да дојдат овде во Парламентот и, доколку е потребно, внатре во него, затоа што секое лицемерие и секое предавство има своја граница“, предупреди таа.

Таа потсети дека пред три години имало протести во Бугарија, на кои учествуваа стотици илјади
бугарски државјани и на кои се барала оставка од тогашниот премиер Бојко Борисов и
главниот обвинител Иван Гешев.

„Застанавме зад овие протести, но и други партии кои денес преговараат за кабинет со тие што со години ги нарекуваа „мафија“. изјави  Михаилова од „Вазраждане“.

На ова потоа одговори пратеникот Јавор Божанков од ПП-ДБ, кој ги осуди нејзините тврдења. Додека тој говореше, пратениците на Преродба  се насобраа околу говорницата, по што настана хаос, туркање и тепање. притоа, Манол Пејков од ПП-ДБ бил изгребан по образот,  а заменик лидерот на „Вазраждане“ заврши со скршени очила, додека пратеникот од „Вазраждане“ Цончо
Ганев и пратеникот на ПП-ДБ Јавор Божанков се исплукаа меѓу себе.

Според бугарските медиуми, колку повеќе се приближува крајниот рок за враќање на вториот  мандат за правење влада, преговорите меѓу ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ стануваат се поинтензивни, а сигналите од двете коалиции се дека составот на владата ќе биде објавен многу наскоро.

„Нема да цитирам никого, бидејќи знам колку е важно да се има влада. Бугарија е демократска земја во која има институции кои работат, а не служби кои се прашуваат какви провокации да прават“, возврати лидерот на Промените продолжуваат, Кирил Петков, на претседателот Румен Радев, кој изјави дека не очекува „бакнежот меѓу Борисов и Петков да роди ништо друго освен

Радев во понеделникот (29 мај)  го додели вториот мандат за формирање влада на коалицијата на Промените продолжуваат и демократска Бугарија, но со препорака – тој да не се спроведува. И покрај „ледениот“ период во односите меѓу коалицијата и ГЕРБ откако Радостин Василев ги објави тајните снимки од состанојкот на партијата на Петков, двете страни се блиску до формирање на кабинет. Денеска Радев ги нарече снимките „срамни“. Оценките во Бугарија се дека тој прави се да спречи формирање на редовна влада за да продолжи самиот да владее со техничка или експертска, нешто што го прави веќе одамна при што успеја да ги стави под целосна контрола и безбедносните служби кои почнаа да бараат предавници низ државата.

„Како вредности и морал, како принципи и начин на водење политика. Овие записи ја збришаа прекрасната евроатлантска фасада и го открија назабениот лик на ползечката диктатура и фанатизам. Како барање за тешки прекршувања, чистки потпишани во крв, за погром во институциите, за предавство и сето тоа ги дискредитира европските лидери. Европскиот печат грми од негативни коментари за Бугарија. Ова е срам што се излеа на лицето на нашата земја“, рече Радев. Според него, и покрај „мрачните откритија“, Бугарија ќе остане нормална, демократска европска земја.

Кирил Петков објави дека во последните денови има „напади врз парламентарната република“ и искажа неодобрување со заканата на претседателот на „Вазраждане“, Костадин Костадинов,  кон пратениците Јавор Божанков и Манол Пејков (од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“) –  „ќе ги симнеме, ќе ги изметиме“.