Тепачка на Пулмологија


Фото: Б. Грданоски

Во петокот попладне, во скопската полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на Клиниката за пулмологија, бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Покрај тоа, речиси во истото време, 46-годишната скопјанка А.Р. пријавила дека околу 12.45 часот на Клиниката за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од негова страна.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.