Тензии на границата со Литванија


 

Околу 2.000 мигранти од азиските и африканските земји се обидуваат да стигнат до западноевропските земји, Во моментот се на белоруската граница со Литванија.

„Ситуацијата на границата е стабилна, но тензии има. Според нашите податоци, околу 2.000 илегални мигрантисе наоѓаат од белоруска страна на границата“, вели министерката за внатрешни работи на Литванија, Агна Билотате.

Министерката додаде дека Литванија е подготвена за секое сценарио. „Сите инстанци и институции се во состојба на подготвеност“, вели таа.

Повеќе од 4.000 мигранти се притворени на литванско-белоруската граница од почетокот на границата.

За потсетување, минатата недела на границата Белорусија – Полска дојде до низа инциденти меѓу мигрантите и полските сили на безбедност., поради што Западот го обвинува лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко дека намерно ги дестабилизира надворешните граници на ЕУ, бидејќи неговиот режим е по санкции од ЕУ.