Тензично полувреме со десетминутен прекин на дербито Вардар – Еурофарм Пелистер


Ракометарите на Вардар 1961 водат против Еурофарм Пелистер со 16-14 по првото полувреме кое го одбележа тензична атмосфера на паркетот и трибините.

Натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше привремено прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб.

Кратко потоа на теренот беа фрлени предмети, а кон една од трибините и пиротехнички средства.

По интервенција на полицијата и обезбедувањето во салата, големото македонско ракометно дерби продолжи.