Тениска сензација – непознатиот Лоренцо Сонего го уништи Новак Ѓоковиќ


Лоренцо Сонего го „здроби“ светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ со 6-2, 6-1 во петокот за најголема победа во кариерата, пласирајќи се во полуфиналето на Ерсте банк турнирот во Виена.

„Сигурно ова е најдобрата победа во мојот живот. Новак е најдобриот во светот. Денес играв толку, толку добро”, рече Сонего во своето интервју на теренот. „Неверојатно е. Неверојатно е“.

Пред пет дена, Италијанецот загуби во три сета во последното коло на квалификациите во Виена против Алјаж Бедене. 25-годишникот, кој влезе во главната ждрепка како среќен губитник на местото на Диего Шварцман, оттогаш не загуби сет, играјќи го своето највисоко ниво за да го шокира 81-кратниот победник на турнирите по 68 минути.

„Го одиграв најдобриот натпревар во мојот живот“, рече Сонего. „Јас сум многу среќен за ова“.

Ѓоковиќ ја испушти шансата да го обезбеди со сигурност своето место на врвот на АТП листата уште оваа недела. Доколку Србинот ја освоеше титулата во Виена, ќе го изедначеше рекордот на Пит Сампрас со пласман како број 1 на крајот на шест години. Неговиот биланс годинава е 39-3.

Сонего не освои сет на претходните три меча против топ 10 противници. Но, светскиот рекет број 42 ги зачува нервите и стана првиот среќен губитник кој го победи Ѓоковиќ (1-12). Италијанецот не го заработи својат прв бод на АТП сѐ до својата 19-та година, а во петокот, само повеќе од шест години подоцна, тој ја крена толпата од Виена на нозе во стравопочит од неговиот учинок.

„Бев фокусиран на мојот тенис. Денес играв добро. Сервирав толку добро, враќав добро и играв најдобар тенис и ја удирав толку добро топката”, рече Сонего. „Ми се допаѓа тука, ми се допаѓаат условите. Теренот е многу брз за мојот сервис. Сè е добро денес“.

Првиот носител имаше шест брејк топки во два гема во вториот сет, но Сонего не му дозволи ништо повеќе. Се чинеше дека на Ѓоковиќ му требаше само еден поен за менување на моментумот за да загризе во натпреварот, но Сонего не го дозволи тоа со своето постојано високо ниво.

Ѓоковиќ направи невообичаено голем број на неизнудени грешки, што му даде доверба на Сонего.

„Тој ме оддува од теренот, тоа е сè“, рече Ѓоковиќ. „Тој беше подобар во секој сегмент од играта… тоа беше прилично лош натпревар од моја страна, но неверојатен од негова страна. Тој дефинитивно го заслужи овој резултат“.

Сонего освои 80 проценти од своите први сервиси поени против еден од најдобрите светски ретернери. (АТП тур)