Тендерската постапка за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза


Владата на деншната седница ја разгледа и усвои Информацијата за усвојување на тендерска документација за втора фаза во постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, соопшти Прес-службата на Владата.
 
– Согласно резултатите од првата фаза, 9 од 10-те пријавени компании ги исполнија условите од претквалификацијата и со тоа се стекнаа со право да достават на понуди за втората фаза, велат од Влада.