Телото на американски аташе пронајдено во хотел „Хилтон“ во Киев


 Во хотелот „Хилтон“ во Киев вчера околу 11 часот е пронајдено телото на аташето во американската Амбасада, јави украинскиот портал Страна.уа, повикувајќи се на извори од правосудните органи.

-Вчера околу 11 часот во хотелска соба е пронајдено телото на аташето на Амбасадата на САД. На телото не се пронајдени траги на насилство, изјавил неименуваниот извор.

Името на аташето не се споменува, а киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.

Според медицинските досиеја објавени од Амбасадата на САД, мажот имал високо ниво на холестерол во крвта.