Телото на 4 начини нѐ предупредува дека здравјето ни е нарушено


 

Кога здравјето се влошува, тоа обично, не се случува само од себе и без предупредување, само треба да обрнеме внимание на сигналите кои телото ни ги праќа.

Имено, нашето тело не комуницира само за физичките аспекти, туку може да ни пружи и некои метални назнаки.

„Пораките на вашето тело ако ги доживувате како акутен стрес, хроничен стрес или депресија, може да ви помогнат да сфатите дека тоа што го чувствувате е многу вистинско и дека бара внимание, дијагноза или лекување3, вели психијатарот д-р Гејл Салц.

Телото комуницира за здравствените проблеми на различни начини

„Умот и телото се поврзани така што она што влијае на вашиот мозок влијае и на вашето тело. Кога доживуваме сериозен акутен стрес, нашето тело моќе да го открие низ забележливи симптоми кои се јавуваат заради почетното ослободување на норепинефрин (невротрансмитер) и може да предивика нервоза, висок крвен притисок, мачнина, па и краток здив“, вели д-р Салц.

Со време, ако стресот се одржува и станува хроничен, честото ослободување на хормонот кортизол поради постојан стрес доведува до исцрпување на телото и лицето моќе да се чувствува исцрпено, уморно, да има разни необјасниви тегоби во различни делови од телото или стомакот, дури и главоболки.

Промени на кожата

„Промените на кожата како осип, промена на бојата или израстоци секогаш треба да се сфатат сериозно. Дермалните флуктуации може да значат сешто, од алергиски реакции до сериозни болести или внатрешни инфекции. Често промените на кожата се прв знак на дијабетес или проблеми со црниот дроб. На пример, дијабетичарите често имаат темни дамки на вратот, пазувите или препоните. Лупус, автоимуна болест, често е поврзана со пеперуткест осип на образите и носот“, вели д-р Мајкл Грин.

Појаснува дека осип или жолтило може да биде знак за нарушена функција на црниот дроб. Смета дека кожата како најголем орган на телото е добар покажател за некакво нарушување.

Често сте гладни или имате потреба од храна

Здравствениот тренер Линзи Тулис вели дека ако често сувствувате глад или имате ненормална потреба за храна, вашето тело може да се обидува да ви каже дека навистина ви е потребен сон.

„Недостаток од сон може да го зголеми ослободување на грелина, нашиот хормон за глад. Важно е овој сигнал да го сфатите и да забележите дека всушност не е храната она што ви треба туку сонот“, вели таа.

Умор

Според Тулис, „умор често може да почувствувате по долг ден, посебно ако е следен со немирна ноќ. Но, тоа моќе да биде и знак за нешто сериозно. Хроничен замор може да биде и симптом за многу здравствени проблеми како нарушување на штитната жлезда , болести на срцето и дијабетес, Само следете колку често сте заморени и што го предизвикува тој замор“.