Телатата на загинатите руски војници во Украина никој не ги зема


Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на Русите дека телата на нивните војници лежат на боиштата во Украина и дека никој не ги зема.

„Во жариштата на особено тешките борби, првите линии на нашата одбрана се преплавени со трупови на руски војници“, рече тој, повторувајќи дека 14.000 Руси биле убиени во инвазијата на неговата земја во видео порака објавена рано наутро во неделата.

„И тие трупови, тие тела никој не ги зема.“

Тој рече дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви на војници и воена опрема.

„Но, би сакал да знам што мислат граѓаните на Русија – што се случи со вас што не ги забележувате вашите загуби? Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковци, сопруги, деца, роднини, пријатели – а вие не забележувате“, рече Зеленски.

Не може независно да се проверат тврдењата на Украина за бројот на загинатите руски војници, ниту пак може да се избројат воените загуби на Украина, кои лидерите на земјата ги процениле на околу 1.300 војници пред околу една недела. Москва досега потврди само околу 500 жртви меѓу своите сили.