Тејлор Свифт испиша историја на Ем-ти-ви музичките награди


Њујорк – Пејачката Тејлор Свифт стана уметникот кој освоил најмногу награди во историјата на настанот MTV VMA, каде веќе 40 години се избираат најдобрите спотови и песни.

Тејлор Свифт ја освои својата 30-та награда на церемонијата во Лонг Ајленд во средата вечерта, надминувајќи ја пејачката Бијонсе, која ја има освоено истата награда 26 пати.

На настанот MTV VMA таа беше номинирана во вкупно 12 категории, од кои победи во седум, меѓу кои и за најдобар спот на годината и најдобар изведувач на годината.

Со наградата за уметник на годината, Свифт уште еднаш влезе во историјата како прв уметник што ја освоил двапати. Таа е и петкратен победнички изведувач во категоријата за најдобро видео, со црно-белиот спот за песната „Fortnight“, соработка со Пост Мелоун.

Водителка на синоќешниот настан беше раперката Меган Ди Сталион, а меѓу другите настапија и Еминем, Кети Пери и Шон Мендез.

Еве ја листата со победници.