Тече пријавувањето за субвенциониран студентски оброк – имаат право и бруцошите


Фото: Б. Грданоски

 Во тек е пријавувањето за субвенциониран студентски оброк. Повикот се однесува и на потенцијалните бруцоши кои до 20 септември ќе стекнат статус на редовен студент, информираа денеска од Министерството за образование и наука. 

Потсетуваат дека во рокот за пријавување трае до 5 септември.

Условите и критериумите за остварување на правото се наведени на следниот линк.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.
Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за
остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до
Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт:
[email protected] или во наменската канцеларија на приземјето во
зградата на министерството.

– Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна, се наведува во соопштението од Министерство за образование и наука.