„Тебе поем“ – мистика и акустика со Шуберт, Хендел и Рахмањинов во Скопје (фото)

Класична музика, достоинствена за амбиентот на православната црква „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, прозвучи синоќа, во рамките на 24. „Есенски музички свечености“ со делата на Шубер, Хендел, Франк, Рахмањинов, Леонкавало, Масенет, Иночензи и Наунов, во изведба на тенорот Христо Арсовски и пијанистот Андреј Наунов.

Публиката во еден здив уживаше во мистиката и акустиката на храмот на Пресвета Богородица“, која се смета за заштитничка на град Скопје.

Нашиот фоторепортер Борис Грданоски со фотогалерија го пренесе концертот во амбиент, кој се смета за автентичен и за очи и за уши.