Театарот во Тирана „во рацете“ на граѓаните


По вербалниот, а потоа и директен судир меѓу полицијата и демонстрантите пред Националниот театар во Тирана,во кој повредено е едно лице, демонстрантите насилно влегоа во објектот.

На почетокот само неколку уметници и граѓани влегоа во зградата од страничните прозорци. Веднаш по нив влегоа и претставниците на опозицијата, предводени од Баша.

Демонстрантите откако влегоа во зградата седнаа во салата за претстави повикувајќи „Рама оди си”

Познатиот театарски актер и режисер Едмонд Будина упати апел до граѓаните да им помогнат на театарските уметници во „одбраната на абанската култура“

-Не може да се урне овој храм на културата. Ова е свето место. Новиот театар нека се прави на друго место. Ве молам подржетене зашто ова е и ваша вредност. Да ги заштитиме институциите од кражабата на олигарсите,-порача режисерот Едмонд Будина.

Тој се заблагодари на опозицијата за подршката и упати обвинувања на адреса на Владата на премиерот Еди Рама.

-И велам благодарам на опозицијата за подршката во оваа наша активност.Сега ние треба да ја урнеме фашистичката диктатура која ја окупира земјата. Опозицијата треба да биде на чело на ова движење и ние треба да ја ослободиме земјава од оваа криминална банда,- рече Будина.

Актерите кои со петни жили се борат против уривањето на театарот со солзи во очи изјавија дека со жив штит ќе го бранат ова огромно културно наследство.

Тие уште од изутрина се собраа пред објкетот а потоа им се приружија поголем број граѓани ,како и претставници на опозициската Демократска партија заедно со лидерот Љуљзим Баша. Насобраните не дозволија полицијата да вади работи од тетарот , што пак е активност пред акцијата за негово уривање.