ТАВ ги зема под концесија и аеродромите во Црна Гора?


Концесионерот на македонските аеродроми, турски ТАВ, би можел да ја добие и концесијата за црногорските аеродроми во Подгорица и Тиват, пишува црногорскиот портал ЦДМ. ТАВ засега покажал најголем интерес за закуп. Од црногорското Министерството за транспорт и поморство потврдуваат дека има интерес од познатата турска компании за добивање концесија за црногорските аеродроми. Турската компанија ТАВ управува со аеродроми во Скопје и Охрид, а во соработка со француска компанија и со аеродромот „Франјо Туѓман“ во Загреб.

ТАВ го презеде скопскиот аеродром во 2012 година со концесија на 30 години. 110 милиони евра беа инвестирани во аеродромот во Скопје и 10 милиони евра во Охрид.

Од Министерството за транспорт и поморство потврдуваат дека има интерес од познатата турска компанија за добивање концесија за црногорските аеродроми. Тие додаваат дека постои голем интерес и на компании од други пазари, кои работат на глобално ниво.

„Се работи за компании од Индија, Италија, Франција, Емирати, Јужна Кореја, Португалија, Германија. Охрабрува тоа што се работи за сериозни и успешни корпорации со значително искуство во оваа област“, велат од црногорскот министерство.