Таткото на Вања го посочил возилото на Панче како сомнително


Фото: Б. Грданоски

Во кривичниот суд продолжува судскиот процес за убиството на Вања и Панче. Сведочи началникот на СВР Скопје кој пред судот кажа дека таткото на Вања, обвинетиот Александар им донел снимка од камера на која им го предочил возилото на Панче без објаснување зошто се сомнева во поврзаност со неговата исчезната ќерка.

Полицијата утврдила дека тоа е всушност ситроенот најден запален на Бразда за кој се водела друга засебна истрага. Александра Ѓорчевски зборувал дека можеби во грабнувањето е инволвиран постар човек надвор од Скопје. Од снимките го забележале пикапот Рено кое ги донел до партијата Десна.

До тогаш немало поврзаност на двата случаи. Во партијата од тие што ги затекнале внатре полицијата дознала дека лидерот Палевски е во Белград, а потоа ќе одел за Турција. Во партијата се надевале дека ќе го расчистат случајот со Панче, но не очекувале врска со исчезнувањето на Вања.

Вања комуницирала со момче од Шведска  на интернет – „На неговиот профил имаше знамиња на ИСИС, но трагата не водеше никаде“

Во текот на судењето за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, сведочеше и началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски. Во своето сведочење, тој откри дека истрагата ги довела до врската меѓу Вања со  „нејзиниот виртуелен дечко од Шведска“.

Според него, Вања комуницирала со момче преку интернет, разговарале на англиски јазик, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите.

„Го проверивме профилот и забележавме дека на неговата страна имаше знамиња поврзани со ИСИС. Тоа го направи случајот уште посериозен и веднаш вклучивме колеги од други оддели за да ја провериме таа можна закана,“ додаде тој.

Се преземале обемни проверки, вклучително и соработка со шведските власти, како и проверки на границите, но истрагата не резултирала со конкретни наоди.