Таткото на убиената Вања и денеска негира дека бил доушник на злосторниците
На денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче, негира дека дал информации кога и каде грабнувачите може да ја начекаат сама.
Од Обвинителството само кусо известија дека распитот на таткото завршил и дека тој во основа негира вмешаност.
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски известија дека двјаца од приведените во исказите кажале дека информациите за тоа кога убиената Вања Ѓорчевска ќе излезе сама од дома ги добиле од организаторот Љупчо Палевски – Палчо, кој, пак, им кажал дека ги добил од таткото.
Министерот и обвинителот вчера уверуваа дека сите тврдења во исказите на приведените се потврдени со материјални докази.
Таткото на Вања и во исказот во полиција негирал вмешаност, за што вчера извести обвинителот Бубевски.
На Александар Ѓорчевски доцна синоќа му беше одреден притвор од 48 часа.