Таткото на Бојан Маричиќ, обвинител, побарал итно пензионирање


Според она што го дознаваме, таткото на кандидатот за министер за правда во новата влада, Бојан Маричиќ, побарал веднаш да се пензионира кога се објави името на неговиот син како член на вториот кабинет на Зоран Заев. Момир Маричиќ е дел од Вишото јавно обвинителство во Скопје, кое брои 14 членови. Таткото Маричиќ со тоа  сака да му овозможи чист терен на синот Маричиќ во исклучителнио важниот ресор за правда и да се отфрлат сите забалешки за непотизам и кронизам.

Интересно е дека сопругата на Бојан Маричиќ, Маринела (поранешна пратенечка која ги сними познатите сцени од 24 декември 2012 година кога опозицијата беше исфрлена од собраниската сала) досега беше шеф на кабинетот на министерката за правда Рената Треневска-Дескоска и таа по нејзино барање ќе биде префрлена во друга институција на администрацијата.