Татко на седум деца загина додека ги спасувал децата од море


 

Татко на седум деца се обидувал да спаси две од нив кои се давале во морето во Бармут, на северозападот на Велс.

Џонатан Стивенс загинал во неделата попладне додека ги извлекувал двете деца на сигурно. Полицијата и крајбрежната стража биле на местото на настанот во 14 часот.

Спасувачите го извлекле Стивенс од морето и го однеле во болница, каде подоцна починал.

„Не е можно да опишам како се чувствуваме. Не само нашите деца и јас, туку и неговите други деца“, вели неговата партнерка Лаура.

„На овој човек му должам се затоа тп ги спаси нашите бебиња. Го даде живтот за нашите деца да ги извлече на сигурно. Многу сме тажни“, вели таа.