Тарик Филиповиќ објаснува како ќе се вика квизот „Милионер“ по воведувањето на еврото


Многу гледачи сметаат дека хрватскиот квиз „Кој сака да биде Милионер?“ треба да го смени името откако еврото ги замени хрватските куни, па така, натпреварувачот кој ќе го одговори точно последното, 15-то прашање, ќе добие 150.000 ерва, место милион куни.

По првата епизода со новата валута и бројните критики на ХРТ, од телевизијата на официјалниот ТикТок профил објави видео со наслов: „Дојде еврото. Колкав е износот на главната награда?“.

Одговорот на ова прашање го даде водителот Тарик Филиповиќ.

„Ние нудиме и поголем износ од досегашниот. 150 илјади евра е поголем износ од тој во куни, но гледајте на тоа вака: „Кој сака да освои 15 милиони евроценти?’ Добро звучи“, рече Тарик во видеото, но гледачите сепак не се задоволни.

Во коментарите велат: „Брука“, „Не е фер“, „Секаде во светот е милион фунти, милион евра итн. “, „Го укинуваш шоуто. Глупаво е да се вика милионер, а не е“, „Тоа не е милионер туку 150 илјадаш“, „Тоа не е милионер затоа што не можеш еврата да ги вратиш во куни“, коментираат Хрватите.

@hrvatska_radiotelevizija

#fyp #tkozelibitimilijunas

♬ original sound – HRT