Таравари во Скопската чаршија, тврди дека имало еуфорија за нив


Фото: Б. Грданоски

 

Претседателскиот кандидат од Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, како дел од предизборната кампања денеска оствари средби со граѓани, како и неколку посети на мали бизниси што се наоѓаат во Старата скопска чаршија.

„Ние како коалиција ‘Вреди’, односно како албанска опозиција, им ветуваме на луѓето дека тука ќе се вложи и ќе се инвестира, бидејќи мислам дека Скопската чаршија е оставена на маргините, а заслужува многу повеќе, рече Таравари.

Досегашната предизборна кампања Таравари ја оцени како коректна, нагласувајќи дека коалицијата „Вреди“ води позитивна кампања и внимателно ги следи останатите претседателски кандидати.

Единствена забелешка, вели Таравари, се притисоците кои се вршат врз вработени во администрацијата од страна на нивните директори и раководители, но како што рече, промените во албанскиот блок се видливи.

„Промените се видливи и веќе не се работи за тоа кој ќе биде идна влада. Се надевам дека што побрзо ќе помине овој период и на 9 мај, на Денот на Европа, ќе имаме нова влада со нов состав“, рече Таравари.

Тој вели атмосферата во албанскиот блок е слична со онаа од 2016 година кај македонскиот блок. „Постои преголем ентузијазам и еуфорија“, вели Таравари.