Таравари: Во предност сме, очекуваме победа


Фото: Б. Грданоски

Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива вечерва на прес-конференција во Скопје рече дека од информациите, што ги имаат од нивните штабови, покажува дека се во преднос и очекуваат победа.  Но според него ова биле најнекоректни избори.

-Трендот е во наша предност. Сме биле под притисок од три страни и тие соработувале за да не оштетат нас. Ние сме оштентана страна во овој изборен процес, рече Таравари.

Тој очекува лидерите на партиите да излезат за кратко и да ги кажат конечните резултати.