Таравари: В.Д. градоначалникот на Гостивар има огромна поддршка од граѓаните

Најверојатен заеднички кандидат за градоначалник на Гостивар ќе биде актуелниот в.д. градоначалник, Валбон Лимани, потврди денеска Арбен Таравари.
Валбон Лимани стана градоначалник на Гостивар без избори, откако тогашниот градоначалник Арбен Таравари, стана минситер во новоформираната Влада.
– Во Гостивар, актуелниот градоначалник, в.д. градоначалникот има, според анкетите што ги правиме има огромна поддршка од граѓаните. така што се надевам дека е потенцијален кандидат за градоначалник, но сѐ уште не сме координирами меѓу ВЛЕН и Алијанса за Албанците, меѓутоа има огромни шанси тој да биде потенцијален кандидат за градончалник – рече денеска таравари одговарајќи на новинарско прашање, по посетата на поликлиниката Бит Пазар.
Појасни дека најверојатно и со него и со кандидатите за градоначалници за повеќе општини би оделе со заеднички кандидати.