Таравари се сретна со косовската претседателка Османи
Денеска, пред вечерата на претставниците на албанските партии од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен таравари беше во Приштина на средба со косовската претседателка Вјоса Османи.
Според соопштението од партијата, Таравари ѝ се заблагодарил на Османи за меѓусебната соработка, уверувајќи ја дека како претседател на Алијансата за Албанците ќе работи на натамошно продлабочување на соработката.
„На средбата разговаравме и за ситуацијата на северот на Косово, која со загриженост ја следиме и гласно зборувавме за осудата на тамошните дестабилизирачки структури. Им честитав на властите на Косово за поднесувањето на апликацијата на Косово за членство во Европската унија, изразувајќи уверување дека ЕУ ќе биде на ниво пред исклучителниот предизвик што го загрозува мирот, безбедноста и нашите заеднички вредности, посветувајќи се на конечното обединување на нашиот континент“, нагласи Таравари. Тој нагласил дека главен приоритет на Алијансата е порбата против корупцијата и криминалот.