Таравари остана без партија, тетовскиот суд ги даде печатите на Села


Тетовскиот основен суд одлучи печатите на Алијансата за Албанците да ги добие поранешниот градоначалник на Струга, Зијадин Села.

„Судот го прифати предлогот за разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари од Гостивар“, се додава во одлуката.

Таравари има право на жалба на одлуката до Апелацискиот суд Гостивар во рок од 15 дена.

Алијанса за Албанците пред последните парламентарни и претседателски избори се подели на две крила – едното на Таравари и другото на Села, кој по напуштањето на лидерската позиција стана претседавач со партиското собрание.

Причина за расколот беше настапот на партијата на претседателските и парламентарни избори.