Таравари од Цирих го величеше Курти
Лидерите на албанската опозиција од коалицијата „Вреди“ по Берлин отидоа во Цирих да водат кампања меѓу дијаспората.
Кандидатот за претседател Арбен Таравари рече дека на овие избори Македонија се наоѓа пред многу важен крстопат, а овие избори биле историски затоа што, меѓу другото, Албин Курти му конкурира на Вучиќ, а Македонија по изборите мора да развие соработка со Тирана, Приштина, Софија и Атина.
„Македонија на овие избори се соочува со многу важен крстопат. Изборите се историски бидејќи основата на политичката трка на Македонија, ако ја поедноставиме, излегува дека е албинизмот наспроти вучизмот. Се наоѓаме во историски момент бидејќи по руската агресија во Украина, геостратегијата е целосно променета. Пред 3-4 недели имав можност да седнам со еден американски професор кој се занимава со геостратегија и тој многу убаво ми објасни некои работи со кои целосно се согласувам. Првиот тријаголник е Скопје, Тирана и Приштина, а вториот триаголник, кој е многу важен за развој е Скопје, Софија и Атина. За среќа, имаме коректни односи со Приштина, а со Тирана треба да биде што е можно посилна соработката и во иднина треба да размислуваме што повеќе да ја развиеме соработката со Софија и Атина. Овие два тријаголници го спречуваат влијанието на северот, или на руското влијание“, рече Таравари.
Тој рече дека дијаспората била предводник на позитивните промени за Албанците во Македонија.
„Не ќе можев да победам на изборите во Гостивар во 2017 и 2021 година, да не беше дијаспората. Затоа е важно во овој изборен процес да ја имаме на 24 април и 8 мај“, рече Таравари. „Знам дека имате работа, дека сте зафатени, имате семејства, но имате и огромно влијание таму. Ве молам, ако мислите дека треба да нѐ поддржите, кој не може да дојде, барем телефонски да се јави кај може, половина збор за да ја поддржи промената, бидејќи Албанците гласаат за промени од 2011 година“, рече Таравари.