Таравари објави крај на соработката со Данела Арсовска
Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар во Студио 10 изјави дека протестите пред приватен хотел или во населба каде повеќето присутни се Албанци е провокација. Хотелот завчера бил демолиран од протестантите и тоа било пријавено во полиција.
– Зошто баш во тој хотел, не ми е јасно, и зошто баш вчера повторо одеа таму? Не оправдувам користење на оружје, ама ако се провоцира, луѓе сме и реагираме афективно. Сите би реагирале исто. Тој е член на Алијансата кој е разрешен, а ако е разрешен, завршува нашата приказна во Скопје. Ако е резрешен, треба градоначалничата да не консултира нас и ова го кажувам во мое име, не партиско. Денеска ќе имаме состанок и тука завршува нашата соработка со Данела Арсовска. Таа го разрешила, а не ВМРО-ДПМНЕ – рече Таравари.