Таравари не го видел ревизорскиот извештај за Онкологија, ама ќе ја децентрализира


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека започнале со децентрализација на Клиниката за онкологија и целта е да функционира како Институтот за трансфузиологија, прашан што се сменило во интерес на пациентите, по една година откако изби скандалотво врска со Онкологија.

– Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа  што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи „8 Септември“, веќе се надевам за месец ипол ќе почне и таму да се дават терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија. Полека – полека да започнеме со децентрализација, меѓутоа повторно да има некаква контрола од Клиниката за онкологија. Практично да функционра како Институтот за трансфузиологија. Центарот е во Скопје, меѓутоа има филијали секаде, појасни министерот.

Тој рече дека сѐ уште не го добил последниот ревизарски извештај за Онкологија.

Онкологија во хаос: Не се евидентираат лекови, само 24 отсто од пациентите примаат терапија

Директорот Игор Стојковски кажа дека тие го добиле и заедно со тимот имале предвидено акционен план. Ќе се постапувало по препораките во ревизорскиот извештај.

Прашан околу дозволата за вработување, затоа што имало ургентни вработувања, директорот рече дека административната процедура е почната. Ја опиша како доста комплексен процес и оти сѐ зависело од МЗ, МИОА и МФ.

На новинарско прашање каков кадар ќе се вработува, тој нагласи дека ќе биде од сите профили.

– Значи имаме медицински сестри, лекари, медицински технолози, административен кадар, околу 50 е бројката, одговори Стојковски.