Taравари: Крајот на ДУИ ќе дојде наскоро, со сите скандали ќе мора да оди во опозиција 

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека оставката на заменик министерот за здравство е изненадување, бидејќи и покрај сите скандали поврзани со функционери на ДУИ тие биле заштитувани.

– Скандалите на ДУИ се континуирани, но во македонското општество тие се заштитени како бели мечки, претходно од ВМРО, а сега од СДСМ. Сепак сметам дека крајот ќе им дојде наскоро. По изборите на Косово ја губат и поддршката, бидејќи главните играчи им беа таму. Тоа што се случи со заменик министерот е нивниот начин на работа кој го нарековме „ДУИинг бизнис“ за кој сите знаеме и сите молчиме. Затоа и помалку ме изненади поднесената оставка, што досега не беше таква пракса, рече Таравари во одговорот на прашањето како тој  го гледа случајот со заменик министерот за здравство Асим Муса.