Таравари: Ќе поддржиме премиер Албанец само со четиригодишен мандат


Фото: Б. Грданоски

Разговорите што траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари од коалциијата Алијанса/Алтернатива за ТВ 21.Според него, причината за театарот е што СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување.

Таравари потсетува дека, ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку  тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.