Таравари имаше средба со првиот човек на Тирана
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во Тирана имаше средба со првиот човек на Тирана, Ерион Велиај.
На средбата, покрај размената на искуства од различни области, се разговараше и за можноста за создавање поврзувачки мостови за стимулација и интеракција на младите од Тирана и Гостивар..
Бидејќи Тирана годинава е прогласена за европска младинска престолнина, таа е и младинска престолнина на Гостивар“, рече градоначалникот Таравари.
Посебен фокус на средбата беше збратимувањето на училиштата, особено стручните училишта, социјалните политики како и организацијата на Гостиварската недела во Тирана и фестивалот на храна во Гостивар.
Таравари на средба со претседателката на Унијата на албански општини, здружение кое го промовира доброто на секој албански град преку разни организации, саеми и работилници, понуди преку кампањата „Избери Гостивар“ и Гостивар да биде дел за да се промовира доброто на Гостивар.