Танцова претстава од Кина за затворањето на 15. „Танц фест“


Со гостување на танцов ансамбл од Ханџо, Кина, вечер завршува 15. „Танц фест“. Учествуваат петнаесет млади танчари од Кина кои од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе ја изведат претставата „Секвенци – минато / сегашност / иднина“.

Кореограф на претставата е Рисима Рисимкин, музиката  е на Тони Китановски, а костимите ги изработи кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за  младите уметници од програмата „Инкубатор“ кои годинава учествуваа во голем број преку три уметнички категории – музика, современ танц и визуелни уметности.