Танчерки на Бали учествуваа на новогодишната парада


 

Танчерките на Бали во Индонезија, учествуваа на парадата пред дочекот на Новата година, со што придонесоа за свечената атмосфера.

На улиците на градот Денпасар беше многу возбудливо.

Иако повеќето жители на Индонезија, Новата година ка прославија на сличен начин како повеќето земји во светот, во некои градови нагласокот е на традицијата.

Имено, некои 2023 година ќе ја започнат со гледање на изгревот на сонцето од врвовите на планините или урнатините на дрвените палати и храмови. Да се дочека првиот ден во годината додека сонцето излегува над хоризонтот е искуство кое вреди да се доживее.