Тамара, Сара Мејс, Фолтин…на фестивалот „Skopje Unplugged“ на 17 јули

Во винаријата Камник, на 17 јули во 19:07 часот годинава ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Skopje Unplugged“. Фокусот, како што соопштија организаторите, ќе биде ставен на македонските изведувачи на кои најмногу им е потребна поддршка во овие времиња.

– Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери. Извонредните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода. Време е за музика, за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged. 17.07 со почеток во 7 часот и 7 минути попладне!, соопштија организаторите.

Тие наведуваат дека е дозволен лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1,5 метри.

Фестивалот е во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје, поддржан од винарија Камник.

Поради запазување на протоколите и на мерките, картите се во строго ограничен број и можат да се купат на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=680.