Тамара на европска турнеја: Концерти во Шпанија, Данска и во Германија


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска заминува на европска турнеја. Таа веќе ги најави првите три концерти кои ќе се случуваат во Шпанија, Данска и Германија.

На 5 октомври таа ќе настапи во Мадрид, Шпанија, на втори ноември во Архус, Данска, а пак на 30 ноември во Келн, Германија.

-Многу сум возбудена што ќе настапувам во Мадрид, Архус и Келн оваа есен. Едвај чекам да ве видам. Наскоро со повеќе информации – порача Тодевска на својата официјална страница.

Тамара која годинава со седмото место на „Евросонг“ и го донесе најдобриот пласман на Македонија, ги откажа сите настапи дома по случката со химната за денот на независноста на САД во Американската амбасада во Скопје.