Тамара Котевска – Приказна за одгледувачите на ирваси и ловците на мамутски коски


Тамара Котевска и овој пат нѐ носи во еден нов чудесен свет, во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација.Филмот  го прикажува конфликтот кој што се случува внатре меѓу племето кое живее во срцето на Сибир. Тоа е конфликт помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои што сакаат да се ископуваат маутски коски и да ги продаваат на Кинезите. Борбата помеѓу традицијата и капитализмот прави раздор во племето. И тука некаде почнува приказната на Тамара…
Летово започна снимањето на новиот документарен филм на Тамара Котевска, возбудлива приказна која нѐ носи во далечниот Сибир во светот на племето Долгани, во светот на нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат од генерација на генерација. Приказната на Тамара Котевска го следи конфликтот помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои што сакаат да се занимаваат со лов на мамутски заби и коски за да ги продаваат на Кинезите.
 
Тамара Котевска и овој пат не носи во еден нов чудесен свет

-Филмот се уште се снима и ќе се снима во наредниве две години сигурно. Снимањето започна во август и е проект кој што се обидуваме веќе три години да го развиеме. За жал се случи војната во Русија, имаше санкции и не можевме никако да стигнеме до финасии. Едноставно не веруваа луѓето доволно за да инвестираат во овој проект. Сега конечно успеавме. Филмот нема никаква врска со војната, има врска со човекот и со природата. Локацијата е всушност последната точка на север на планетава на која има човечка цивилизација. Од тоа место кое што е последно на мапата, се оди уште 5 часа со брод до тундарата каде што живеат племето на Долгани со кое што ја работиме приказната –вели Тамара за Трн.

 

Конфликт помеѓу традицијата и капитализмот

Филмот  го прикажува конфликтот кој што се случува внатре меѓу племето кое живее во срцето на Сибир. Тоа е конфликт помеѓу традиционалните одгледувачи на ирваси и оние кои што сакаат да се ископуваат маутски коски и да ги продаваат на Кинезите. Борбата помеѓу традицијата и капитализмот прави раздор во племето. И тука некаде почнува приказната на Тамара.

-Приказната за тоа како започна овој проект е интересна. Еден од моите омилени фотографи е Џими Нелсон кој се занимава токму со фотографирање на овие племиња и култури кои што изумираат. Ја гледав неговата колекција Before they pass away( Пред да починат) која ги обработува сите овие народи и племиња од цела планета. Дојдов до колекцијата за Сибир и за племето Долгани. Повеќе месечно истражување беше да најдам контакт од тој фотограф и други фотографи од National Geografic, Discovery кои се занимавале со таа тема. Успеав да стигнам до контакт. Тие ми дадоа човек од таму со кој што соработувале, фиксер кој ги донел таму и ги запознал со тие племиња. Убавината на целото тоа беше што фотографиите, ликовите од фотографиите на Џими Нелсон се всушност истите ликови со кои што ние работиме сега и тоа беше за мене онака стварно фасцинантно затоа што фотографиите за мене личеа недостижни и да работам сега со тие ликови ми е вистински предизвик. Главните ликови се татко и син кои што се директно поврзани со конфликтот на племето. Таткото е поглавицата на племето и одговорен за ирвасите и за држење на племето на едно место и тој живот со ирвасите, а синот се повеќе оди во насока на ископување на мамутски заби и влегување во  полукриминални активности врзани со то. Сето тоа е на раб на законот и тука сега ние гледаме преку нивните митови и легенди кои си ги пренесуваат едни на други како и зошто тие не смеат да го прават тоа што го прават – вели Тамара.

 

Целиот текст прочитајте го на trn.mk