Талибан се разнесе во полиција во Авганистан


 

Авганистанските бунтовници талибани го нападнаа седиштето на полицијата во главниот град на северната провинција Баглан и убија најмалку тројца.

Оружената битка во зградата сѐ уште трае, изјавија надлежните.

Во главната болница во градот Пули Кумри префрлени се 45 ранети луѓе, од кои некои во критична состојба, изјави докторот Калил Нармго.

Нападот почнал со силна експлозија пред седиштето на полицијата, вели шефот на полицискиот совет Сафдер Мошини и додаде дека полицијата не може да го соопшти точниот број жртви.

Талибаните презедоа одговорност за нападот и наведоа дека бомбашот-самоубиец користел блиндирано оклопно возило „хамви3 наполнето со експлозив.

Талибаните речиси секојдневно изведуваат напади на авганистанските сили, покрај зајакнатите мировни напори со цел завршување на речиси 18-годишната војна во таа земја.