Талат Џафери закажал седница на Собранието за утре

Талат Џафери за утре во 15 часот ќе ја закаже седницата на Собранието на која треба да се избере Комисија за избори и именувања и нов спикер. Тој за телевизија Телма изјавил дека одлуката ја донел откако претседателот Стево Пендаровски одлучил да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ја формира новата влада иако Заев го информирал дека се уште преговара со повеќе партии за владејачко мнозинство.

Во исто време, ДУИ ќе ја почне средбата со лидерите на партиите од албанскиот блок, но неизвесно е кој ќе се појави откако Села и Гаши не ја прифатија поканата. Попладнево Гаши се сретна со Заев, но соопштија дека било само приватна средба на која не се разговарало за коалицирање.

Службите попладнево добиле известување да бидат подготвени за утре попладне.