Талат не отиде на суд


Претседателот на Собранието, Талат Џафери не се појави во својство на сведок на судењето за организаторите на настаните од 27 април. Спикерот Џафери го известил судот дека поради собраниски обврски, односно прием на делегација, би можел на рочиштето да пристигне околу 12 часот. Сепак, од судот му вратиле да се појави на некое од наредните судења, бидејќи и онака за денеска имале доста сведоци.

Во судницата се присутни поранешните пратеници Стојан Миланов, Борис Змејковски, Нада Ципушева, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова. Сведоците се повикани на барање на одбраната, а обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок се екс спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.