Талат Џафери излезе од болница, утре ќе ја води седницата


По повеќедневно лечење од пневмонија на Инфективната клиника досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, излезе од болница и утре ќе ја води конститутивната седница на новиот пратенички состав. Како што велат од кабинетот на претседателот на Собранието, Џафери се чувствува добро.

Претставниците на Комисијата за заразни болести и денеска ги прават последните подготовки за утрешната седница.