Талат Џафери хоспитализиран на Инфективната клиника

Претседатателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Од ДУИ за „360 степени“ потврдиле дека Џафери е примен во болница на системска контрола и оти на тестирањето за Ковид-19 бил негативен.
Џафери, кој според Уставот, треба да ја свика конститутивната седница на новиот собраниски состав најдоцна до 4 август, неодамна изјави дека тој ќе се тестира пред нејзиното одржување и оти ќе предложи тоа да го направат и останатите избрани пратеници.
Ако Џафери не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.
Вчера и завчера министрите за образование и наука и за економија Арбер Адеми и Крешник Бектеши, објавија дека се позитивни на Ковид-19.