Тактилна изложба „Допирот на уметноста“ на битолскиот Музеј во Хрватска и Словенија

Националната установа Завод и Музеј-Битола промовира тактилна изложба со наслов „Допирот на уметноста“ во Словенија и Хрватска.
Станува збор за проект поддржан од Министерството за култура со кој се промовира македонското културно наследство со тактилна изложба, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.
– Гостувањето во Хрватска и Словенија беше реализирано поводно, за меѓународниот ден на музеите. Презентиравме тактилна изложба за лицата со попреченост затоа што нашата цел е да го промовираме нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите. Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија го заокруживме со работилници во Загреб, и Марибор, истакнаа д-р Ирена Ружин и м-р Јове Парговски, вработени во НУ Завод и Музеј-Битола.
За време на престојот во Словенија и Хрватска, Ружин и Прговски остварија средби со колеги од Музејот, Библиотеката и Уметничката галерија во Марибор, како и со колеги од Музејскиот центар за документација во Загреб и Тифлошки музеј во главниот хрватски град.