Тајм ги објави 100-те највлијателни луѓе во 2024 година


Њујорк – Американскиот магазин Тајм објави листа на 100-те највлијателни луѓе за 2024 година, а во категоријата на највлијателни лидери се сопругата на починатиот руски опозиционер, Јулија Навални, кинескиот премиер Ли Џијанг, полскиот премиер Доналд Туск, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј и италијанската премиерка Џорџа Мелони меѓу лидерите.

Покрај нив, помеѓу највлијателните лидери се и бразилската министерка за животна средина и климатски промени, Марина Силва, директорот на ЦИА, Вилијам Барнс и шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Во изборот на највлијателните личности на американскиот весник се најдоа и јапонскиот режисер Хајао Мијазаки, британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, британскиот актер Дев Пател и австралиската пејачка Кајли Миног.

Победниците традиционално се класифицираат во неколку категории, од дебитанти до титани, а на листата на 100 највлијателни луѓе се наоѓа и палестинскиот фоторепортер Мотаз Азаиза, кој помина речиси четири месеци документирајќи го животот во Појасот Газа по ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт.

На листата на влијателни луѓе се и американскиот рапер „21 Савич“ (21 Savage), нигериската музичарка Бурна Бој и американската филмска режисерка Софија Копола.

На листата на 100 највлијателни луѓе во 2024 година е и канадскиот актер Елиот Пејџ, кој во 2021 година стана првиот трансродовиот маж кој се појави на насловната страница на магазинот Тајм.

На листата се и американскиот актер Колман Доминго, кој играше во ТВ сериите „Еуфорија“ и „Fear the Walking Dead“, канадско-американскиот актер Мајкл Џеј Фокс, познат по улогата на Марти Мекфлај во филмот „Назад во иднината“, како и холандскиот Формула 1 возач Макс Емилијан Верстапен