Тајм: Фаучи во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година 


САД– Епидемилогот д-р Антони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни заболувања на САД, е во списокот на 100 највлијателни луѓе за 2020 година на американскиот неделник „Тајм“. 

-Кога пандемијата ја покажа главата, Фаучи беше меѓу првите кои исчекорија со факти и само факти. Тој не ги витка во обланда своите зборови и одбива да биде под притисок на политичарите. Ја кажува вистината, колку и да е тешка за слушање, искрено и со една цел – да спаси животи, пишува Џими Кимел, комедијант, во својота посвета за Фаучи. 

Додава дека со неговата храброст и одважност ја заработил довербата кај Американците.  

-Сите ние сме среќни што имаме човек со таква мудрост, искуство и интегритет, да ни помогне да пловиме во овие бурни води.  

Во списокот на Тајм, 100 највлијателни луѓе во 2020 година, се наоѓаат и поп-ѕвездите Меган Ти Сталион, Халси и групата „Д Викнд“,  

Во списокот се и оние кои одиграа клучна улога во борбата против коронавирусот на глобално ниво. Камила Рот, специјалист за инфективни заболувања од Минхен, која беше една првите кои забележаа дека коронавирусот се пренесува и од луѓе без симптоми. Потоа, Лора Гарнер, инжинер по информациски технологии која го изработи веб панелот за статистика на коронавирусот на универзитетот „Џон Хопкинс“, како и Ши Женгли, познат кинески вирусолог кој уште во 2015 година предвидел дека коронавируост може да се прошири од лилјаци на луѓе и да предизвика хаос. 

На листата се и претседателот Доналд Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси и претседателскиот кандиндат Џо Бајден.