Тајланд го промовира канабисот како нов поттик за економијата


Тајланѓаните поиттаа на изложбата на канабис во време кога и понудата и побарувачката за ова растение се зголеми откако владата одобри да се користи во прехранбени и други производи.
Владата за време на викендот одржа конвенција во провинцијата Бурирам, на североисток од земјата, за да ја едуцира јавноста за употребата на канабис и неговиот економски потенцијал. На посетителите им беа понудени јуфки, сладолед и пијалоци направени од конопот, пренесува Хина.

Индустрискиот коноп е род на канабис кој има поголема концентрација на ЦБД, соединение кое не е психоактивно и ниско ниво на психоактивен ТХЦ.

„Гања е ѕвезда во подем што ќе го подобри квалитетот на нашите животи и ќе ни ги врати парите во паричниците, во економија што ќе биде подобра од порано“, рече Адид Саридеечаику, директор на агенцијата за јавно здравје „Бурирама“ и организатор на наасстанот Канабис 360°, користејќи го локалното име за конопот.

„Тоа ќе донесе добар квалитет на живот и за нас и на државата“, додаде тој.

Тајланд го промовира канабисот како земјоделска култура, а државната фармацевтска компанија најави дека ќе откупува килограм канабис со 12 проценти CBD за 1,5 илјади американски долари.

Законот дозволува седум лица да се здружат во селска задруга и да поднесат барање за дозвола за производство на канабис.

Тајланд има традиција да користи канабис во медицината и во 2017 година ја легализираше марихуаната за здравствени цели и за истражување за да ги зголеми приходите од земјоделството.

„Во менталитетот на Тајланѓаните е во вкусна супа со јуфки и говедско месо да се додаде гања“, вели сопственик на локален ресторан.

„Канабисот не само што ќе го зголеми прометот на нашите ресторани, туку и на целата економија. Луѓето ќе сакаат да пробаат, од храна до козметика“.