Тахири: Силјановска ќе ја доживее судбината на Тито Петковски од 1999 година


Универзитетскиот професор Сефер Тахири вели дека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе ја доживее истата судбина што ја доживеа Тито Петковски на претседателските избори во 1999 година, кога освои околу 60.000 гласови помалку од Борис Трајковски.

Тахири смета дека не постои можност за договор меѓу опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и партиите од албанскиот блок, за да предизвикаат предвремени парламентарни избори.

–Села и Касами, сите се свесни за актуелното политичко расположение на Албанците во однос на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска. Јас не велам дека во иднина Албанците ќе се најдат во некое вкрстување на патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа може да се случи со едно реформирано ВМРО-ДПМНЕ – вели Тахири.

– Судбината на Силјановска ќе биде судбината на Тито Петковски во 1999 година. Не велам дека Пендаровски ќе ја има судбината на Борис Трајковски во 1999 година, но приближно ќе биде истото – рече Тахири во емисијата „360 Степени“ на Алсат М.