Возач на ЈСП нагло закочил – повредено 12-годишно дете


Во понеделникот, во 19 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од с.Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возеле во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. […]

Тргнал за Австрија во вторникот и му се изгубил контактот: Скопјанец побарал помош да го најдат вујко му


22-годишник од скопско Батинци пријавил дека неговиот вујко кој се упатил за Австрија на 21.10.2025 не бил достапен на телефон. „На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од село Батинци, скопско, пријавил дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Република Австрија, по што не бил достапен на телефон“, се наведува […]

Кумановка и скопјанка се степале во автобус на ЈСП


Две тепачки во автобуси на ЈСП и ве тепачки во кои учеснички биле жени, нотира полицискиот билтен. Вчера,  во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.  Во […]

Двајца загинати и околу 80 лица повредени при превртување на автобус во близина на Сремска Митровица


Две лица загинаа, а околу 80 лица се повредени и се транспортираат во Општата болница во Сремска Митровица, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија.  Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и […]

ЈСП: Можно нарушување на возниот ред поради прекин во испораката на гас


ЈСП Скопје информира дека може да има редуциран градски превоз бидеќи е најавен прекин на испораката на природен гас. „Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17.10.2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред. Доколку бидеме информирани за евентуални промени […]

Објавен повикот за набавка на автобуси за јавен превоз и станици за полнење


Огласот за набавка на автобуси за јавен превоз на патници и станици за полнење, објавен е пред два дена, а понудувачите имаат еден месец да се пријават. Со оваа набавка се најавуваат 120 нови електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град Скопје, а останатите во општините што имаат воспоставено јавен градски […]

Скопјани повторно извисија – приватните автобуси не возат


Последните неколку дена скопјани повторно подолго чекаат автобус на постојките каде покрај автобусите на Јавното градско сообраќајно претпријатие треба да поминат и оние од приватните превозници. – Автобус со број „23“ последно имаше во петокот. Вчера и денеска нема, вели една редовна патничка, која место на 23-ка се качи на 27-ка затоа што оди до […]

Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени


 Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград. Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања. Несреќата се случила околу […]

Во финална фаза тендерот за 120 електрични автобуси


На барање на Град Скопје и останатите општини во финална фаза е подготовката на тендер за набавка на нови еколошки електрични авотбуси, вкупно 120 од кои 80 ќе бидат за Скопје, најави Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите […]

ЈСП ќе проверува дали некој ги саботира автобусите – три се запалија за само шест месеци


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ќе испитува дали некој ги саботира нивните автобуси откако денеска изгоре еден од украинските автобуси во скопската населба Сопиште. Во изјава за Телма, директорот на Јавното претпријатие Драги Кушовски вели веќе имаат одредени сознанија. -Имаме одредени сознанија. Да видиме дали тие сознанија ќе ни се потврдат или не. Дали можеби некој […]

Автобус на ЈСП се запали во Сопиште


 Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште. Според очевидци, автобусот е во близина на приватни куќи и дрва и постои опасност да се прошири. На терен се излезени екипи од противпожарната бригада. 

ЦЛС: Властите на Белград планираат да ги отстапат автобусите „соларис“ на Скопје


Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) денеска соопшти дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Северна Македонија, што невладината организација го оценува како „произволен, неразумен и штетен потег“, јави дописникот на МИА. -Во ситуација кога градскиот превоз во Белград е […]

Се преврте автобус во Турција, шест лица загинаа


  Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција. Туристичкиот автобус од непозната причина се превртел на локацијата Аципинар на автопатот Аксарај – Анкара. На местото на настанот се испратени бројни возила на брза помош, полиција и пожарникари. Во тек е истрага Според првичните податоци, во несреќата […]

Бесплатен јавен превоз за Бела ноќ и изменет сообраќаен режим за скопскиот маратон


Утре 5 октомври, превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“. Превозот ќе биде бесплатен од 18 до 2 часот по полноќ. ЈСП Скопје информира дека во недела на 6 октомври од 7 до 14 часот поради одржување на „Виз Ер скопскиот маратон“, дел од автобусите ќе […]

Фатен возач на автобус со туѓа картичка во тахографот – казнет 7.500 евра


На 26.08.2024 во 21.00 часот на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д.(54) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачката картичка […]

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел


 Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел. Станува збор за автобус ЛАЗ […]

Автобус падна во провалија во Перу, загинаа најмалку 25 патници (видео)


Најмалку 20 луѓе загинаа во Перу кога автобус паднал во провалија, соопшти министерот за транспорт Раул Перез Рејес. Автобусот се движел од главниот град Лима кон регионот на Андите Ајакучо кога излетал од карпа. Според извештаите на медиумите, уште најмалку 15 лица се пренесени во болница со повреди. Полицијата не ја исклучува можноста бројот на […]

ОЈО истражува дали автобусот на ЈСП што се качи на жардиниера бил исправен


Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот […]

Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка“ – возачот и патник пренесени во болница


Несекојдневна сообрајќајна незгода се случи попладнево во Скопје, која двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се качи на средишната жардиниера на булеварот „Гоца Делчев3, при што две лица се пренесени во болница. – Денеска во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на булевар „Гоце Делчев“ автобус на ЈСП, движејќи се по […]

Возач загина, а 20 туристи се повредени кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија


Возач на автобус загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени денеска кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, Турција.  Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да превезе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на мостот Манавгат, јави […]